Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Украинците излегуваат на протест пред Руската амбасада во Скопје

Украинците во земјава денеска организираат протест пред Руската амбасада во Скопје поради инвазијата на Русија врз Украина. Протестот, како што велат организаторите, ќе започне во 14:30 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје од каде во 15:00 часот ќе се упатат кон Руската амбасада.

„Ние, Украинците во Македонија, излегуваме денеска на протест да изразиме поддршка на нашите роднини, пријатели, кои се изложени на брутален напад. Да кажеме стоп за војните во 21 век, да кажеме стоп за трета светска војна и не за страдањето што низ цела Европа може да го донесе агресијата што сега се случува врз невино население во Украина“, велат организаторите на протестот во пишано соопштение до медиумите и ги повикуваат македонските граѓани да им се придружат за, како што велат, „заеднички да кажеме стоп за лудилото на војната“.

 

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни