Украина веројатно ја доби битката за вториот по големина град во земјата, Харков. Ова го објавија западни воени аналитичари.
Според Киев, руските сили се откажале од обидите да го опколат североисточниот град и се повлекуваат.
Сепак, интензивното гранатирање на населените места во областа продолжува.
Во исто време, украинскиот претседател Зеленски призна дека се водат „тешки преговори“ за евентуална евакуација на ранетите борци од Мариупол.
По првите чекори кон членство во НАТО, Шведска и Финска денеска ќе учествуваат на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Алијансата.
Москва рече дека нивниот одговор ќе зависи од тоа каква воена инфраструктура се наоѓа во двете северни земји.
Русија и ја исклучи струјата на Финска поради „проблеми со плаќањето“.
Од Хелсинки се уверени дека лесно ќе најдат алтернативи.