Македонија

Унгарец се обидел да внесе 200.000 евра непријавени пари преку Табановце

Унгарец се обидел да внесе 200.000 евра непријавени пари преку Табановце

Царинските службеници на граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално внесување 200.000 евра непријавени девизни средства во земјава.

При влез во државата, унгарски државјанин не ги пријавил парите кај царинските службеници, по што неговото возило било селектирано за детална контрола поради сомнеж.

При прегледот, помеѓу менувачот во ташна била пронајдена црна платнена торбичка со 65.000 евра. Во ранец кој се наоѓал на задното седиште, покриена со компјутер, била пронајдена уште една мала црна торбичка со 37.650 евра.

Во куфер на задното седиште, меѓу гардеробата, цариниците пронашле и трета црна торбичка во која имало 97.350 евра.

Вкупната сума на непријавени парични средства изнесувала 200.000 евра. Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени 10.000 евра, додека преостанатите 190.000 евра биле задржани со Потврда за задржани средства.

Против унгарскиот државјанин е поднесена соодветна прекршочна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни