4NEWS.mk

Унгарската опозиција ја освои Будимпешта, Карачоњи нов градоначалник

Нов градоначалник на Будимпешта е Ѓерѓељи Карачоњи, кандидатот кој беше поддржан од неколку опозициски партии, покажаа резултатите од локалните избори по околу 80 отсто од преброените гласови.

Карачоњи освоил 50,1 отсто од гласовите, додека Иштван Тарлош, кандидатот на владеачката партија Фудес на премиерот Виктор Орбан доби 44,8 отсто од гласовите.

Локалните унгарски медиуми јавуваат дека Тарлош веќе му честитал на својот ривал на победата.

Излезноста на вчерашните избори изнесуваше околу 50 отсто, што е еден од најголемите одзиви на избирачите на локални избори од обновата на демократија ана Унгарија во 1990 година.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни