4NEWS.mk

Унгарскиот Парламент гласаше „за“ прием на Северна Македонија во НАТО

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на покана на претседателот на Националното собрание на Унгарија, Ласло Ковер, денеска присуствуваше на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО од страна на Националното собрание на Унгарија.

На гласањето се изјаснија 153 пратеника кои едногласно гласаа „за“ и ја поддржаа ратификацијата, соопштија од Кабинетот на Џафери.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни