4NEWS.mk

Ураганот Дориан ги погоди Бахамите

Ураганот Дориан ги погоди Бахамите, луѓето се кријат во засолништаОбјавено пред 11 минута – 1 септември, 2019Од Макфакс
 
Ураганот Дориан, кој прерасна во петта категорија, го погоди северниот дел од Бахамите.
 
Ураганот предизвика големи бранови и ветрови кои достигнуваат брзина од 285 километри на час, а властите ги повикаа граѓаните кои живеат во погодените подрачја да се евакуираат.
 
Хотелите се затворени, а стотици луѓе се сместени во училишта, цркви и други засолништа.
 
Во одредени делови нема струја и вода, пренесе „АП“.
 
Американскиот Национален центар за урагани наведе дека ова е најстрашниот ураган кој ги погодил Бахамите.
 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни