Малечкиот Лачино Мекинтош (7) од Абакос на Бахамите е прва жртва на ураганот Доријан во САД. Детето се удавило додека со семејството се обидувало да се евакуира на сигурно.
Ситуацијата да биде полошо, и неговата сестра исчезнала во бурата.

Гувернерите на сојузните држави, САД, Џорџија и Јужна Каролина, наредија евакуација на жителите поради ураганот Доријан кој им се приближува на тие држави.
Гувернерот на американската сојузна држава Џорџија, Брајан Кемп нареди задолжителна евакуација на жителите на неколку окрузи.
Станува збор за окрузите Глин, Чатам, Либерти, Камден, Макинтош и Брајан, а наредбата е на сила од денеска, соопшти неговиот кабинет.
Кемп и неговите официјални лица ќе одржат бројни состаноци во денеска, почнувајќи рано утрово од Савана.
Училиштата долж брегот најавија дека ќе бидат затворени поради приближувањето на Доријан. Се очекува бурата да се пресели северно покрај брегот, а Џорџија веќе во вторник би можела да се најде на мета на ударот на ураганот.
Задолжителна евакуација нареди и гувернерот на Јужна Каролина Хенри Мекмастер и тоа за целиот брег, пто значи евакуација на 830.000 жители, пренесе АП.
„Не можеме сите да ги задоволиме, но веруваме дека може да им помогнеме на сите да преживеат“, рече Мекмастер.
И властите на Флорида наредија задолжителна евакуација во некои загрозени крајбрежни делови.
Ураганот Доријан кој е прогласен за ураган од петта, најсилна категоријја, дојде до копното на Елбов Кеј, на островот Албако во неделата околу 13 часот.
Властите на Албако пријавија „катастрофални услови“, а удри бура од 5,5 до 7 метри.
Жителите на Албако и Големите Бахамски острови пријавија дека куќите им се поплавените и покривите оштетени.
На видео снимките забележани во пристаништето Марш на островот Албако се гледаат поплавени патишта, и дрвја целосно искривени и соголени, пренесува Си Ен Ен.
Во меѓувреме, нова тропска бура се формираше југозападно од Мексико и се очекува денеска да стане ураган.
Тропската бура Џулиет се наоѓа на 735 к. од Манзаниља во Мексико, а ветрот дува со брзина од 75 км. на час.