Европските земји уриваат рекорди по бројот на новозаразени лица од коронавирус. Денеска нов рекорд забележа Австрија.
Во последните 24 часа во оваа земја се забележани 3.394 новозаразени од Ковид-19.
Најголем број забележани се во областа т.н. Горна Австрија 901. Следуваат Виена со 793 случаи, Тирол со 520.
Во минатите 24 часа во оваа земја се регистрирани и 22 смртни случаи, со што вкупниот број на починати стигна до 1.027.
.
