Балкан

Уште една трагедија во породилиште: Почина родилка во Хрватска, започна истрага

Уште една трагедија во породилиште: Почина родилка во Хрватска, започна истрага

Во вторникот на Гинеколошко-акушерската клиника на КБЦ „Свети Дух“ во Загреб почина родилка од Загреб.

Смртта на родилката е констатирана од клиничко-болничкиот центар „Свети Дух“ во Загреб, кој поради овој немил настан повел постапка за внатрешен надзор за испитување на сите околности на случајот.

Како што неофицијално дознаваме, родилката починала од белодробна емболија предизвикана од тромб, која не можела да се избегне.

Точната причина за смртта ќе се знае по обдукцијата, а во болницата е започнат внатрешен надзор, што е вообичаена процедура во вакви случаи, потврди шефицата на кабинетот на директорот, Сњежана Фоскио Бартол.

Телото е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина, за да се утврдат точните причини за смртта. Новороденчето е добро и ќе биде отпуштено.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни