Македонија

Уште едни неуспешни преговори за Законот за ЈО

По само 15-20 минути средба, преговарачките тимови од власта и од опозицијата излегоа од салата каде што повторно се обидоа да најдат заеднички јазик околу Законото за ЈО. Меѓутоа тоа се покажа како неуспешно, и натаму има суштински разлики, јавува репортерката на ТВ21 од терен.

Пред средбата министерката за правда Рената Дескоска рече дека не може да биде оптимист со оглед на тоа со кого преговара.

Претседателот Стево Пендаровски од Штип рече дека власта и опозицијата се блиску до договор за Законот.

Не е познато кога и дали ќе се случи нова средба со цел да се најде решение околу Законот.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни