Приведено уште едно лице бидејќи помагал на Палчо да избега од Србија во Турција

Обвинителството потврдува дека вечерва е приведено уште едно лице лице бидејќи помагал на Палчо по извршеното убиство на 14 годишната Вања.

„Обвинителството поднесе предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил – Помагање на сторител по извршено кривично дело за кое е пропишана казна доживотен затвор“, велат од Обвинителството.

Основаното сомневање дека осомничениот го сторил кривичното дело произлегува од досега прибавените докази од Бирото за јавна безбедност, Сектор за меѓународна полициска соработка доставено до СВР Скопје во кое е наведено дека лице осомничено дека сторило кривично дело, по кое сега е распишана меѓународна потерница, на 02.12.2023 година било регистрирано на граничните премини во Р.Бугарија и тоа со влез во Р.Бугарија на ГП Калотина и излез од Р.Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Р.Турција). И двете регистрации се со возило марка Ланд Ровер, управувано од осомничениот.

Лицето е лишено од слобода и со него полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка извршија информативен разговор.

Во конкретниот случај, постојат околности кои го оправдуваат стравот за опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, со оглед на околностите за видот и карактерот на делото, запретената казна и последиците од истото“, велат од Јавното обвинителство.

Вечерва пак во 20 часот треба во Кривичниот суд да бидат донесени останатите осомничени лица, за кои обвинителството ќе бара 30 дневен притвор откако официјално ќе започне и истрагата.

Лицето кое е уапсено вечерва наводно се поврзува повторно со политичката партија „Десна“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното