Македонија

Уставните амандмани нема да се разгледуваат денес на владина седница, рече Ковачевски

Уставните амандмани нема да се разгледуваат денес на владина седница, рече Ковачевски

Денес на седницата на Владата нема да се разгледуваат уставните амандмани, рече премиерот Димитар Ковачевски.

– Денес на седницата на Владата нема да се разгледуваат уставните амандмани. Се уште се кај владините служби, кога ќе дојдат, ќе ве известиме, но денес нема да се разгледуваат – истакна премиерот.

Вчера министерот за правда, Кренар Лога пред медиумите истакна дека на следната седница ќе стигнат уставните амандмани, кои по разгледувањето на седница на Владата треба да бидат испратени во Собранието на разгледување во комисија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни