Свет
17,279,197
Вкупно активни случаи
Updated on 04/08/2021 18:15 18:15
Македонија
770
Вкупно активни случаи
Updated on 04/08/2021 18:15 18:15
Македонија
5,497
Вкупно починати
Updated on 04/08/2021 18:15 18:15
Македонија
150,440
Вкупно оздравени
Updated on 04/08/2021 18:15 18:15

Усвоено изменување и дополнување на Законот за градење: „Дозволите за изградба на модуларните градби ги издава Министерството за здравство“

Пандемијата со коронавирус влијаеше и врз промена на Законот за градење. Поради актуелната состојба со Ковид-19 се роди потреба во законот да се додаде и посебен вид модуларни градби за здравствена дејност. Во овие градби опфатени се модуларните болници и други објекти, зависно од потребата на здравството кои ќе бидат поставени во дворовите на здравствените институции.

-Исто така новина во овој закон е што дозволата за нивно градење не ја издава Министерството за транспорт, туку Министерството за здравство со посебна процедура-вели репортерката на ТВ21.

Заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, вели дека оваа промена е направена со цел зголемување на ефикасноста на здравствениот систем.

-Станува збор за објекти кои се неопходни во здравствениот систем. И Министерството за економија има модуларни градби и издава одобренија, но тоа се други работи. Во овој случај имаше дупка во постоечкиот Закон за градење каде ваков вид градби не се предвидуваа. Беше комплицирано, но сега се разјасни и е предвиден и овој посебен вид-рече Реџепи.

Реџепи вели дека градбите ќе се финансираат од државниот буџет, но и со средства од меѓународните организации.

-Ќе се финансираат од државниот буџет, ЕУ или пак од некоја меѓународна организација, со цел да се даде потребниот придонес во изградба на посебни видови градби наречени „модуларни градби“-вели Реџепи.

Инаку, во Буџетот за 2021 година за ресорот здравство се предвидени 644 милиони евра, кои ќе им помогнат на службите на здравствените домови, за материјалите и медицинските потреби, како и за капиталните инвестиции во здравствениот систем. Поради коронакризата претходно промени претрпе и Законот за заштита на населението од заразни болести.

.

Извор: ТВ21