Утрото во земјава беше студено со температури под нулата во повеќе градови. Најниска температура од -6 степени е измерена во Берово, додека -3 степени се регистрирани во Битола. Во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Претор, Струмица, Маврови Анови и на Попова Шапка се измерени -2 степени.
Температура од -1 степен е измерена во Тетово, Прилеп, Велес, Демир Капија и Гевгелија, додека 0 степени се регистрирани во Скопје – Зајчев Рид, Куманово и Крушево. Во Штип, Охрид и Кавадарци утринската температура изнесувала 1 степен, а највисока минимална температура од 2 степени е измерена во Виница.
Снежна покривка утрово има на Попова Шапка, каде се измерени 63 сантиметри снег.
Според најавите, времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, а максималната температура ќе се движи во интервал од 14 до 20 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 19 степени.
