Минималните температури утрово се 10 Лазарополе, 11 Берово, 12 Маврови Анови, 13 Попова Шапка, 14 Охрид, Крушево, Крива Паланка, 15 Битола, Претор, 16 Тетово, Прилеп, 17 Демир Капија, Скопје-Петровец, 18 Струмица, Куманово, Штип, 19 Виница, Кавадарци, Велес, Скопје-Зајчев Рид, 20 Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m 2 ) 32 Крушево, 8 Дебар, Маврови Анови, Тополчани, Крива Паланка, Скопје – Зајчев Рид, Лазарополе, Претор.
Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на
дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Времето во текот на ноќта и изутринава повеќе облачност имаше на југозапад, а потоа и таа се намали. Преовладуваше претежно ведро и доста тивко време. Утринава има претежно умерена променлива облачност и понекаде слаб претежно северен до североисточен ветер.
Времето денес ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне кога нестабилно ќе биде на повеќе места, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Максималната температура ќе достигне од 27 до 34 степени. UV=6
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, особено попладне кога во делови од котлината ќе има услови за појава ан невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Максималната температура ќе достигне до 32 степена.