Ннајстудено утрово било во Лазарополе со -4 степени. Минусни температури се регистрирани и на Попова Шапка и во Берово со -3 степени, како и во Маврови Анови и Битола со -2 степени.
Температура од -1 степен е измерена во Скопје-Петровец, Струмица, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Тетово и Претор, додека нула степени се регистрирани во Охрид, Демир Капија, Велес, Куманово и Крушево. Потопло било во Кавадарци со 1 степен, Скопје-Зајчев Рид и Виница со 2 степени, а највисока утринска температура од 4 степени е измерена во Гевгелија.
Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се измерени во Скопје-Петровец – 5 литри на метар квадратен, 4 литри во Велес и по 3 литри во Тетово, Прилеп, Тополчани, Попова Шапка и Ѓуриште. По 2 литри на метар квадратен се измерени во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Битола, Кавадарци, Демир Капија, Берово, Крушево и Маврови Анови, додека по 1 литар врнежи се регистрирани во Охрид, Претор, Виница, Лазарополе и Пожаране.
Најголема снежна покривка има на Попова Шапка, каде се измерени 71 сантиметар снег.
Според прогнозата, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе се движи од 13 до 19 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен северен ветер, а дневната температура ќе достигне до 17 степени.
