Македонија

Уживајте во топлото време уште малку, се најавува пресврт на температурите

Стабилното и топло време ќе се задржи до недела, а од понеделник се најавува опаѓање на температурите за неколку степени.

Времето до крајот на оваа недела ќе се задржи суво, стабилно и релативно топло време. Утринската температура ќе се движи околу два, а дневната максимална до 28 степени.

Од понеделник, метеролозите најавуваат опаѓање на температурите за неколку степени, засилување на ветерот и врнежи од дожд.

Утринската ќе се движи од два до осум степени, а максималната дневна од 11 до 18 степени.

Кога се очекува првиот снег во Македонија

За 6 до 9 дена метеоролозите најавуваат дека ќе падне снег на планините ширум Македонија. Според прогнозата, најмногу снег се очекува на Караџица и тоа над 80 сантиметри.

Околу 70 сантиметри се очекуваат на Кожуф, а околу 40 на Копанки на Пелистер и на Попова Шапка на Шар Планина.

За снег на котлините, според актуелните прогнози веројатно ќе треба да чекаме до самиот крај на годината.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни