Вчера во 09,00 часот полициски службеници од СВР Скопје од улицата “Марко Орешковиќ“ го лишиле од слобода М.А.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Кисела Вода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Попладнето во 17,50 часот полициски службеници од СВР Скопје од улицата “23-ти Октомври“ ги лишиле од слобода С.П.(36) и А.Г.(36) двајцата од Скопје затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја. Тие биле приведени во Полициската станица Аеродром и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Истиот ден во 13,50 часот полициски службеници од СВР Скопје од улицата “Босна и Херцеговина“ го лишиле од слобода А.Д.(41) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Чаир и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вечерта во 23,30 часот полициски службеници од СВР Скопје во близина на стадионот го лишиле од слобода А.Г.(18) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Центар и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.