Општина Кратово е една од локациите од каде ќе биде означен стартот на трките од државните првенства за велосипедисти во организација на Велосипедска Федерација на Република Северна Македонија.
В недела, 30 јуни, во организација на велосипедски клуб „Вело-М“ од Куманово според програмските активности на велосипедска федерација на Р.С.Македонија ќе се одржи велосипедска трка– Државно првенство во друмско возење за 2019 година.
– Велосипедската трка оваа година ќе се вози на релација Куманово – Кратово – Куманово, а планирано е да се натпреваруваат околу седумдесет велосипедисти. Стартот за сениори, јуниори и мастерс е пред спортската сала во Кумановои рутата е со должина од 110 километри, додека стартот закатегорија кадети, +У-15 и кадетки ќе биде пред општина Кратово во единаесет часот и 20 минути. Оваа рута е со должина од 55 километри, информира службата за комуникација со јавност при општина Кратово.
Оттаму ги повикаа сите Кратовчани да го проследат настанот и да ги бодрат натпреварувачите.
