Овој рецепт е специфичен, а особено ќе им се допадне на оние кои сакаат да експериментираат со вкусови. Слатко-кисело-солен гулаш има одличен вкус кога вашите пријатели доаѓаат на ручек за да ги покажат своите кулинарски вештини.
Оцетот, шеќерот и лутите пиперки се тие кои на гулашот ќе му дадат специфичен вкус.
Состојки: 700 гр свинско месо, 200 гр кромид, 100 гр сланина, 2 лути пиперки, 2 лажици маснотии, 1 лажица брашно, 1 ловоров лист малку оцет, малку сос од домати.
Подготовка: Сланината исечкајте ја на коцки, а кромидот на тенки ленти, па пропржете на загреана маст. Додадете го месото исечено на поголеми коцки и пропржете го додека не порумени. Потоа додадете го ловоровиот лист, зрната пиперка и целите лути пиперки. Додадете брашно, промешајте, па налејте половина литар вода и малку сос од домати. Гответе околу еден час. На крај, ако сакате, меѓу прстите додадете малку оцет и шеќер за слатко-кисел вкус.
