Василевски-Нинџа пред Апелационите судии се пожали на закани

Обвинетиот за Собранискиот упад од 27 април, Александар Василевски Нинџа, денеска пред почеток на јавната седница во Апелациониот суд се пожали дека утринава бил вербално нападнат од семејството на Митко Чавков но и дека подолго време трпи закани во затворот.

-Почитуван суде, кога ме донесоа денеска во судов, ми беа упатени закани од членови на патриотските здруженија, под водство на ќерката на Митко Чавков, а кои се долу пред судов. Чавков директно ми се закани и по изрекувањето на првостепената пресуда. Сакам да пријавам и закани од политичари цело време додека сум во притвор”, соопшти Нинџа во судницата.

Дека Нинџа трпел закани неодамна потврди и обвинителството поради што и пред 10-тина дена беше на средба со обвинителката Вилма Русковска.

Нинџа е осуден на затвор од 7 години а токму тој откри и најмногу детали за случувањата од 27 април. Тој треба да се појави и како сведок во предметот за наводните нарачатели за собраниските случувања.

На јавната седница во Апелациониот суд денеса своите жалби ги образложуваат 16-мина осудени.

Кривичен им изрече вкупна затворска казна од 211 години.

 

Зоран Јаневски

Извор: Сител телевизија