Од Министерството за здравство информираат дека вчера биле применети вкупно 6089 дози вакцина, од кои 709 како прва доза, 1148 како втора доза, додека 4232 граѓани примиле трета доза од вакцината.
Од Министерството за здравство велат дека до 26 октомври вкупно се вакцинирани 802.705 граѓани, ревакцинирани се 772.424, а третата доза ја примиле 20.119 граѓани.
„Вакцинирани се 54 отсто од граѓаните над 40 години и 33 отсто од населението на возраст од 18 до 39 години примиле најмалку една доза од вакцината.
„Вакцинирачкиот опфат со една доза вакцина е 57% од возрасната популација, додека со две дози 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на применети вакцини, 38% од целото население во нашата земја е вакцинирано, а 35% од населението во земјава примило две дози вакцина“, велат од Министерството за здравство.