Вечерва акција против нелегални медицински третмани: полицијата проверува мрежи со нерегистрирани препарати

Министерство за внатрешни работи, преку Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност, денеска спроведе координирана акција насочена кон сузбивање на нелегални медицински третмани и употреба на нерегистрирани препарати.

Според првичните информации, активностите се одвивале на повеќе локации низ државата, при што се проверуваат сомнежи за постоење на мрежи кои вршеле незаконски третмани и дистрибуирале медицински производи без соодветни дозволи и контрола.

Истражните органи утврдуваат дали станува збор за организирана шема со инволвираност на повеќе лица, како и дали со ваквите активности било директно загрозено здравјето на граѓаните.

Засега нема официјални информации за бројот на опфатени лица, евентуални приведувања или запленета опрема и препарати. Од надлежните институции се очекуваат дополнителни детали во текот на денот.