Вечерва земјотрес во Македонија

Нов земјотрес вечерва околу 21 часот и 40 минути е почуствуван во Македонија.

Земјотресот бил со јачина од 2.9 степени според рихтер, на 8 километри северосточно од Ново Село (струмички регион), се вели во неофицијалните податоци на европскиот сервис за сеизмологија ЕМСЦ.

Утринава земјотрес со јачина од 2,6 степена бил почувствуван во Струмица, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил почувствуван во 9.48 часот со епицентар на 127 километри југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Струмица.

Извор: Сител телевизија

  • Ознаки
  • 1

Поврзани вести

spot_img

Најважното