4NEWS.mk

Велика Британија: Според излезните анкети победија конзервативците на Џонсон

Според првичните резултати од излезните анкети, Конзервативната партија на Борис Џонсон освои мнозинство гласови на денешните вонредни парламентарни избори во Велика Британија.

Конзервативците освоија 368 мандати, додека Лабуристичката партија на Џереми Корбин – 191.

Околу 46 милиони Британци денеска гласаа за новиот состав на Долниот дом на Парламентот, кој има 650 пратеници.

Избирачките места беа затворени во 22 часот по локално време.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни