Верижен судир вчера на Гологанов

На социјалните мрежи се споделува информација за сообраќајна несреќа, во која според објавата учествувале повеќе возила.
 
-ВНИМАТЕЛНО на ул. М. Т. Гологанов, верижен судар! Сообраќајот се одвива само по една лента во правец према Ѓорче, сообраќајката е пред Монца, пред еден час беа 2 коли сега се уште 2 една позади друга веднаш после првите 2 коли, стои во објавата на Фејсбук.
 
Од објавената фотографија на групата Ѕид на сообраќајниот срам може да се забележи дека на терен се излезени и екипи на Итната медицинска помош.
 
Засега нема информации за бројот на повредени лица.

Извор: Сител телевизија