Силно невреме вечерва го зафати Скопје. Ударите на ветрот се над 100 километри на час.
На социјалните мрежи се појави и фотографија од паднат кров во Карпош 4. Во неколку скопски општини имаше и откорнати дрвја, бутнати канти за отпадоци и расфрлано ѓубре.

Неколку делови на градот се и без електрична енергија.
Од градот Скопје повикаа граѓаните да се воздржат од непотребни излегувања од домовите, да избегнуваат прошетки под дрвореди и да не ги паркираат своите возила под крошните на дрвата.