Свет

Ветер со брзина од 130 км/ч собори дрвја и однесе покриви во Анталија

Силното невреме корнеше дрвја и однесе покриви на згради во турската медитеранска област Анталија, каде брзината на ветерот денеска се приближува до 130 километри на час, јави турската приватна телевизија НТВ, цитирана од БТА.

Невремето започна доцна синоќа, но од утрово се засили, предизвикувајќи потешкотии во копнениот и воздушниот сообраќај. Долги редици автомобили се формираа покрај градските артерии.

Силниот ветер создаде збунетост и на аеродромот во Анталија. Некои авиони кои не слетаа поради невремето беа пренасочени во други градови. Прекинато е и полетувањето на авионите од аеродромот.

Џиновски бранови се издигнаа во морето на локалната плажа Коњаалти. Противпожарните екипи реагираат на извештаите за соборени дрвја и отстранети покриви од згради. Паднаа и елементи од фасадата на локална болница.

Брзината на ветрот достигна 123,8 км/ч на некои места во областа.

Метеоролозите објавија портокалова шифра за лошо време во округот и предвидуваат дека невремето нема да стивне до утре наутро. Во регионот се очекува да наврне количина од 75-100 литри дожд на метар квадратен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни