ВИДЕО: 40 години живеел во џунгла – починал од рак само 8 години откако се вратил да живее во цивилизација

Хо Ван Ланг почина од рак минатата недела, а веста дека вистинскиот Тарзан на нашето време починал го обиколи светот.

Хо Ван Ланг избега во дивината со својот татко во далечната 1972 година, кога започна американското бомбардирање на Виетнам за време на граѓанската војна во која беше убиено целото негово семејство.

Во 2013 година двајцата повторно воспоставија контакт со цивилизацијата и веруваа дека војната се уште беснее. Дојдоа во едно село и побараа медицинска помош за таткото на Ланг, Хо Ван Тан.

По 2013 година, Ланг започна да живее релативно модерен начин на живот, но пријателите веруваа дека стресот и лошата исхрана во современото општество има лош ефект врз неговото здравје.

Неговиот пријател, Алваро, рече дека „модерниот“ живот имал фатални последици за Ланг откако почнал да јаде преработена храна, а понекогаш и да пие алкохол.

Таткото и синот живееле во џунглата со децении, откако биле забележани од селаните додека барале огревно дрво.

Двајцата носеле, т.е. биле облечени во специјална облека изработена од кора од дрво, живееле во колиба што ја изградиле 5 метри над земјата. Се хранеле со уловен дивеч и овошје, и саделе пченка. Хо Ван Тан го знаел локалниот јазик, додека син му Ланг знаел само неколку зборови.

Кога дрвосечачите виделе двајца мажи во далечината како се однесуваат чудно, ги пријавиле кај локалните власти. Веднаш беше формиран тим, кој ги пронашол во август 2013 година, по петчасовна потрага.

Лагн се врати да живее во семејниот дом во 2016 година.

Неговиот пријател Алваро, кој исто така сними документарен филм за Ланг, рече:

„Тој беше најфасцинантната личност што сум ја сретнал. Сакав да научам нешто ново за опстанокот во џунгла, па Ланг ме одведе во колиба каде што живеел 40 години. Додека ние преживувавме во џунглата, се што правев со часови, тој можеше да заврши за неколку секунди. Беше како мало дете со вештини за супер човек“.