Балкан

ВИДЕО: Албанец застрелал две српски момчиња додека сечеле бадниково дрво во Косово

ВИДЕО: Албанец застрелал две српски момчиња додека сечеле бадниково дрво во Косово

Братучедите Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) беа ранети денеска околу 15 часот во Готовуша кај Штрпце на Косово кога без причина локален Албанец пукал во нив од возило во движење.

– Ова е Стефан. Тој има 11 години. Тој беше застрелан денеска, на Бадник, само затоа што е Србин. Покрај него, бил застрелан уште еден млад Србин, Милош, кој има 21 година. Секој треба да одвои две минути за да го погледне ова видео. Оваа слика е вистинското лице на ситуацијата во Косово – напиша Брнабиќ на својот Твитер профил.

Тие се здобиле со прострелни рани. Еден од нив бил застрелан во рака, а другиот во рамото. Според написите тие не се во животна опасност.

Од Канцеларијата на Косово е соопштено дека роднините С.С и М.С во моментот на нападот се движеле покрај патот и носеле бадниково дрво кога напаѓачот отворил оган врз нив.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни