Албанскиот премиер Еди Рама објави на Фејсбук видео снимено од дрон на албанските воздухопловни сили, на кое се гледа моментот на намерно палење. Тој рече дека намерното палење претставува предавство. Видеото е снимено од дрон „Бајрактар“.
„Палењето не е само злосторство, туку е и предавство на нашата земја и иднината на нашите деца. Еве видео од напад со палеж снимен денес од беспилотни летала на воздухопловните сили. Државната полиција е на терен за да ги изведе пред лицето на правдата сите што си играат со пламен на јавен имот.“
„Во меѓувреме, во овие тешки времиња на глобално затоплување и пожари што ги погодуваат сите медитерански земји, ќе мора да го изедначиме палењето со убиство во Кривичниот законик“, напиша Рама.
