(ВИДЕО) Блерим Дачи од Чаир е убиениот во Приштина, јавија косовските медиуми

Се дознава дека станува збор за жртва на обидот за атентат на улицата Ц во Приштина

Едно лице е застрелано синоќа на улицата „Ц“ во Приштина, а соопштено е дека жртвата е Блерим Даци, јави „Газета Експрес“.

Упатените дознаваат дека во автомобилот имало повеќе од едно лице кое го извршило делото и го напуштило местото на настанот. Тие побегнале во правец на Грачаница, но полицијата не успеала да ги фати. Според изворите, автомобилот со кој наводно е извршено делото, полицијата го пронашла изгорена.

Во возилото што осомничените го запалиле, полициски службеници пронашле два калашникови, оружје за кое постои сомневање дека е употребено за убиство на жртвата.

Косовската полиција соопшти дека случајот се истражува.

„Околу 20.00 часот било пријавено дека на улицата „Ц“ во Приштина имало пукање. Полицијата излегла на местото на настанот и од првите информации добиени од лекарите од итната помош било потврдено дека едно лице е без знаци на живот. Полицијата продолжува со работа со дејствија на увид на местото на настанот како и со други оперативно-истражни дејствија за откривање и лоцирање на осомничените во случајот“, потврдија од полицијата.

Блерим Дачи им е познат на правосудните органи бидејќи се занимавал со трговија со дрога.