Свет

ВИДЕО Деца паднаа во река по уривање на мост во Украина

ВИДЕО Деца паднаа во река по уривање на мост во Украина

Група деца вчера паднаа во река откако се урна дрвен мост за време на излет во селото Виженка, во Черновицката област во Украина, соопшти Државната служба за вонредни состојби на Украина.

На снимката што ја објавија украинските власти се гледа како мостот се урива под тежината на група деца додека ја преминуваат реката.

Неколку деца се здобиле со повреди и биле пренесени во болница на понатамошно лекување, соопштија надлежните.

Според првичните информации, дрвената конструкција не ја издржала тежината на групата и се срушила.

Надлежните органи спроведуваат истрага за да ги утврдат сите околности на несреќата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни