Нови дојави за поставени бомби во шест училишта во Скопје. За прв пат испратија порака и лицата кои преку е-маил ги испраќаат овие најави до училиштата, кои за среќа досега по проверките беше констатирано дека се лажни.
Трака со наслов „Сајбер криминал“ е достапна на социјалните мрежи, а младите веќе ја „вратат“ по Инстаграм и Тик-ток. Објавувачот е непознат, а за да се контактира со него, може преку посебна е-маил адреса која е заштитена.
Во објавената трака се вели:
„Сите сте на нишан, не ми бегате за сантим, ја дигам драма, дури он ми бара IP, само нека бара друже, џабе имаш ИТ“…
Досега полицијата не успеа да ги најде овие лица.