ВИДЕО Екстремни горештини во Грција, затворен Акропол

Во Грција, каде владеат екстремни горештини, одлучено е историскиот Акропол во главниот град Атина да биде затворен за посетители денеска од 12 до 17 часот.

Министерството за култура на Грција потсети дека Министерството за труд и социјално осигурување донесе мерки на претпазливост за заштита на вработените од екстремни температури.

Се вчитува...

Во соопштението за медиумите беше најавено дека Акропол, каде што се наоѓа храмот Партенон, поради високите температури денеска ќе биде затворен за посетители од 12 до 17 часот.

Се очекува температурата да се искачи до 43 степени, а ќе трае до викендот.

Поради високите температури кои се забележани во Грција во последните десетина дена, вчера беа најавени мерки за заштита на вработените и граѓаните кои ќе важат до крајот на неделата.

Министерството за труд и социјална сигурност одлучи да преземе посебни мерки на претпазливост за сите вработени во јавниот и приватниот сектор во периодот од 16 до 19 јули, кога се очекуваат температурите да бидат многу високи.

Одлучено е три дена да се прекинат работите како надворешна градба, курирски услуги и транспорт на производи доколку температурата се искачи над 40 степени во периодот од 12 до 17 часот.

Во среда и четврток беше побарано да се прекине работата во бродоградилиштата на температури над 38 степени.

Најавено е дека работодавачите кои нема да ги почитуваат овие мерки ќе бидат казнети со по 2.000 евра за секој вработен.

Надлежните добија можност да работат од дома во периодот кога температурите се над 40 степени.