ВИДЕО: Еве како изгледа највисокиот замок од песок во светот

Во данскиот град Блокус е изграден највисокиот замок од песок во светот, a неговата височина е дури 21 метар.

Потребни биле 4.8 тони песок и тим од 30 скулптори кои работеле на деталите со цел да се изгради овој замок, објави „ВВС“.

Посетителите секојдневно можат да го посетат овој град за да го видат замокот, а истиот ќе биде таму до зима.

Замокот оваа година содржи и фигура на вирусот ковид-19, која симболично е поставена на врвот на пирамидата.

Скулптурата, која беше поставена како дел од фестивалот на песочни замоци во Блокус, собори и нов светски рекорд, пренесуваат локалните медиуми.

Тимот мајстори кои учествувале во изградбата на замокот биле предводени од холандскиот дизајнер Вилфред Штигер, кој вели дека е за 3,5 метри повисок од претходниот замок.