Свет

ВИДЕО/ФОТО: Страшен пожар во станбена зграда во Лондон, 30 луѓе евакуирани!

ВИДЕО/ФОТО: Страшен пожар во станбена зграда во Лондон, 30 луѓе евакуирани!

Огромен пожар избувна утрово во станбена зграда во источен Лондон, а на местото пристигнаа десет противпожарни возила и 70 пожарникари.

Како што пишува британски Дејли Мејл, нешто по 8 часот наутро биле забележани пламени како излегуваат од стан во станбен блок на Квинс Роуд Вест во Плаистоу.

Лондонската противпожарна бригада соопшти дека пожарот избувнал во стан на десетиот кат во блок 15, а „се уште гори балконот и внатрешноста на станот“.

Засега нема извештаи за повредени или жртви.

Тројцата мажи успеале да побегнат од запалениот стан пред да дојде брзата помош и да им помогне на лице место.

Околу 30 луѓе во блокот се евакуирани, а причината за пожарот се уште не е позната.

Првата дојава дошла во 8 часот наутро, а еден час подоцна пожарот бил ставен под контрола.

Портпаролот на лондонската противпожарна бригада рече: „Десет противпожарни возила и околу 70 пожарникари реагираат на пожар во станбен блок на Квинс Роуд Вест во Плаистоу.

Сообраќајот во областа ќе биде отежнат бидејќи екипите се на терен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни