Балкан

ВИДЕО: Ѓоковиќ го наполни стадионот на тренинг

ВИДЕО: Ѓоковиќ го наполни стадионот на тренинг

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за настап на Мастерсот во Синсинати каде ќе игра и во сингл и во двојки.

Вториот тенисер во светот се врати во САД, бидејќи минатата година не можеше да учествува поради правилата на Ковид, бидејќи не беше вакциниран, а овој пат нема да ја пропушти сезоната на американски бетон.

Како што може да се види на социјалните мрежи, на тренингот на Ѓоковиќ целиот стадион беше исполнет, а публиката очигледно навиваше за српскиот тенисер.

Пред сингл, во кој го чека победникот од дуелот во кој во дурга се среќаваат Алехандро Давидович Фокина и Томаш Ечевери, Ѓоковиќ ќе излезе на теренот заедно со Никола Чачиќ во 19 часот.

Нивниот ривал беше двојникот на Џејми Мари – Мајкл Венус.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни