Во градот Темерин во Србија вчера околу еден часот по полноќ избувна голем пожар, а половина час подоцна дошло и до експлозија, јавуваат медиумите. Според првичните информации нема повредени. Станува збор за складишта со лесно запаливи експлозивни материјали, наведува Телеграф.
Големата експлозија ги вознемири жителите на куќи лоцирани на само 50 метри од магацинот, а до магазинот има и мегамаркет.
Според локалните медиуми, пожарот наводно избувнал во помошен објект на крајот од дворот и се проширил на соседната фирма, односно магацинот, пишува Нова.рс.
Пожарот први го забележале соседите кои ги алармирале властите. Поради лесно запалливиот материјал пожарот се проширил со голема брзина, па видно е оштетена и зградата на супермаркетот на улицата „Народно Фронта“.
Нешто по два часа по полноќ пожарот е ставен под контрола. Причината за пожарот ќе ја утврдува истрагата.