Во близина на селото Ржаничино, пред Петровец кај Скопје попладнево избувна пожар кој засега има зафатено и гори нискостеблеста шума и трева, јавува репортерот на ТВ21.
Бензиската станива која се наоѓа во близина од двете страни е опколена со пожарот, но нашата екипа при движењето по автопатот не забележа екипи на ТППЕ кои се обидуваат да го гаснат пожарот.
Вработените од бензиската пумпа се излезени надвор и будно ја следнат ситуацијата.
Пожар кај Ржаничино, пред Петровец. Гори од двете страни на бензиската станица, нема екипи на терен!
Gepostet von TV21 am Sonntag, 1. September 2019