Неколку лица се задушиле по пожарот кој рано утрово избувна во поранешниот тутунски комбинат во Тетово, информираа официјалните лица.
„Секторот за образование ги ослободи сите ученици, наставата е во прекин. Апел до сите граѓани да останат дома и доколку немаат итна работа да не излегуваат надвор. Не дека во моментов е опасно, но да видиме како ќе се развива состојбата“, изјави Бесарт Дурмиши, претседател на советот на О. Тетово.
На нив итно им е укажана лекарна помош и во моментов се во добра здравствена состојба.
Поради неможност да се справи сама Општина Тетово побарала помош од Гостивар и Скопје, а се бара и интервенција на хеликоптер.