Голем пожар изби утрово во кругот на поранешната фабрика „Македонија табак“ на излезот од Тетово.
На терен е хеликоптер на МВР, а во моментов се придружува и армискиот хеликоптер.
Инаку, претходно за ТВ21 министерката за одбрана Славјанка Петровска истакна дека е во координација со директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Таа посочи дека доколку има потреба ќе се вклучи и армискиот хеликоптер.