ВИДЕО Левица со герила акција во Собранието пред Руте: НАТО УБИВА ЗА ПРОФИТ!

Обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Собранието беше проследено со герила акција од пратениците на Левица.

Додека Руте се обраќаше од собраниската говорница, пратениците од Левица истакнаа транспарент со натпис „НАТО УБИВА ЗА ПРОФИТ“, по што ја напуштија сала.

Од Левица велат дека ова претставувало „топол“ пречек за генералниот секретар на НАТО, нагласувајќи дека нивната реакција е во согласност со партиската позиција во однос на членството и дејствувањето на Алијансата.

Обраќањето на Руте се одвиваше во рамки на неговата официјална посета на земјава, при што пред пратениците говореше за безбедносната состојба во регионот и улогата на НАТО.