Во Вила Водно започна првата средба која е иницирана од страна на шефот на државата Стево Пендаровски.
На лидерската средба прв пристигна, Африм Гаши, а последен лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Лидерската средба следува откако Европската унија не додели датум за стар на преговори на РСМ со ЕУ. Ова се очекува да биде прва точка на дневен ред на денешната лидерска средба.
Втора тема на која ќе се разговара е предвремените парламенарни избори за кои вчера за прв пат зборуваше премиерот Зоран Заев.
И власата и опозицијата се согласни дека се потреби предвремени избори. Тие ќе се реализираат согласно Пржинскиот договор, што значи од изборниот ден, 100 дена на назад премиерот Заев ќе треба да поднесе оставка од функцијата по што ќе биде назначен техничи премиер.
По лидерската средба најавени се изјави за медиуми, а официјална прес конфренција ќе одржи и домаќинот Стево Пендаровски.
Liderët politik duke u mbledhur te Pendarovski
Liderët politik duke u mbledhur te PendarovskiЛидерите пристигнаа, започна лидерската кај Пендаровски
Gepostet von TV21 am Sonntag, 20. Oktober 2019
Јовица Пауноски и Валмира Зендели се наоѓаат во Вила водно и известуваат во живо во вестите во 18.30 и 19.30 на ТВ21.