ВИДЕО: „Македонија-Блокира“ со руски знамиња и жолти елеци маршира во Кичево

Како што и претходно беше најавено, денеска „Македонија-Блокира“ на чело со Јанко Бачев блокира во Кичево во рамките на активностите за протести и блокади и надвор од Скопје и со цел спречување на промена на Уставот.

Во моментов од 15 до 20 души со руски знамиња и жолти елеци се наоѓаат кај месноста Другово во Кичево, полицијата не дозволува целосно блокирање на магистралниот пат.

Се вчитува...

Откако не беше дозволено целосно блокирање на патот, демонстрантите започнаа со марш по магистралата од Другото до Кичево.

Протестниот марш за сега се одвива без проблеми со зголемено присуство на полицијата.

Извор: ТВ21