Македонија

ВИДЕО: Мицкоски вели дека во ДУИ има криминалци – „Тие нема да бидат дел од мојот кабинет ако коалицираме со нив“

ВИДЕО: Мицкоски вели дека во ДУИ има криминалци – „Тие нема да бидат дел од мојот кабинет ако коалицираме со нив“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска посочи дека на наредните избори, од ВМРО-ДПМНЕ би сакале коалициски партнер во власта да биде албанската опозиција, но сепак ќе мора да се почитува бадентеровото правило.

„Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира или не со ДУИ, или со било која друга политичка партија, ќе видиме. Нашата амбиција во делот на албанскиот блок е албанската опозиција, но има правило на Бадентер, и мора да го почитуваме“, вели Мицкоски.

Тој додава дека во ДУИ има криминалци.

„Доколку имаме коалиција со ДУИ, секако со тие луѓе за кои имаме основно сомнавање, нема да бидат дел од мојот кабинет. Секогаш ДУИ напаѓаат дека ВМРО-ДПМНЕ бил во коалиција со Левица. Зошто? Поради во очите на македонските гласачи, Левица да ја направат жртва дека ги напаѓаат криминалците од ДУИ, и да му додадат удар од десно на ВМРО-ДПМНЕ. Ај прашајте Левица со кого е во коалиција во Скопје, Битола, Аеродром, Ѓорче Петров… Еве, поставете го тоа прашање. Нашата цел е да ја урнеме оваа власт“, порача Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни