ВИДЕО На лет се појави „плус“ патник: „Кој ќе го напушти авионот добива 250 евра“

Летот на Рајанер Бергамо – Палма де Мајорка закажан за среда, 12 јуни, за некои тргна наопаку. Или подобро кажано, не ни почна.

Имено, во авионот имало еден „дополнителен“ патник, поради грешка на авиокомпанијата при продажба на билети. Кога патниците се качиле, се нашле под притисок: „Или некој ќе излезе од авионот или ние не го започнуваме патувањето“, рекла стјуардесата предизвикувајќи неверување, пренесува Нови лист.

Авиокомпанијата случајно продаде дополнителен билет. Меѓутоа, купувачите на билети со исто доделено седиште, ја откриле грешката дури кога се качиле. Персоналот побарал од двајцата патници да се симнат, но тие одбиле да го сторат тоа. Персоналот на летот потоа изврши притисок врз сите патници со предлогот: „Како што можете да видите, ние сме пребукирани. Имаше проблем со продажбата на билетите и мора да се донесе одлука“, вели стјуардесата.

„Бидејќи патниците кои мораа да го напуштат авионот не сакаат да го сторат тоа, ве прашуваме дали меѓу вас има доброволец: ќе добие отштета од 250 евра и следниот лет бесплатно“, додаде стјуардесата. Имаме малку време, треба да одлучиме во рок од 20 минути, инаку летот нема да полета“, заклучи таа.

@yllylois.stafa

Guardate l’altro video sul mio profilo per vedere come e finito 🤣 p.s ci sono finito anche su MESSAGGERO 🤦🏻‍♂️

♬ suono originale – yllylois

Приказната ја објави еден од патниците на TikTok. Еден млад човек го прифати предлогот и се симна, а авионот полета. „Вчера на летот Бергамо – Палма де Мајорка се качивме во авионот и едно лице остана без седиште бидејќи немаше повеќе места, компанијата продаде еден билет премногу, па или едно лице мораше доброволно да излезе од авионот или летот би бил откажан. Младиот човек кој доброволно го напушти авионот доби 250 евра и бесплатно патување“, објави еден од патниците на TitTok.

Но, ова не е изолиран случај. Еден кинески корисник на социјалната мрежа раскажа слично искуство. Минатото лето EasyJet му даде 500 евра поради истата причина. Одложениот лет доцнел повеќе од три часа, а со тоа „заработил“ уште 250 евра обештетување. За лет платен за 60 евра добил 750 евра.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното