Свет

ВИДЕО: НАПАД ВО ПАРИЗ – Тешко повреден полицаец!

Полицаец е тешко повреден во напад со нож во парискиот трговски кварт Елисејските полиња денес, откако чувар на продавница повикал полиција откако забележал маж кој носел нож, изјави началникот на париската полиција.

Полицијата го онеспособила напаѓачот, изјави Дарманин. Париската полиција соопшти дека инцидентот се случил во познатиот трговски кварт Шанзелизе. Напаѓачот е тешко повреден Телевизијата БФМ објави дека напаѓачот имал нож. На телевизиските снимки се гледа како вооружена полиција ја преминува познатата авенија. Напаѓачот исто така е тешко повреден, изјави за новинарите началникот на полицијата Лоран Нуњез. Франција е во состојба на готовност бидејќи се подготвува да биде домаќин на милиони посетители, спортисти и светски лидери за време на Летните олимписки игри во Париз, кои започнуваат на 26 јули. Париската полиција ги повика луѓето да ја избегнуваат областа Шанзелизе. Нападот е последен во серијата неповрзани инциденти во француската престолнина оваа недела.

Во понеделникот маж ранил војник со нож на железничката станица. Властите истражуваат и дали мажот кој во средата вечерта удрил со својот автомобил во тераса од кафулето го сторил тоа намерно.

 
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни