ВИДЕО НЕМА ШТО ОВОЈ ЧОВЕК НЕ МОЖЕ: Душан Тадиќ направи „се“ на дербито Бешикташ – Фенербахче

Фудбалерите на Фенербахче го совладаа Бешикташ со 3:1 како гости во дербито од 15. коло на турскиот шампионат, а капитенот на српската фудбалска репрезентација Душан Тадиќ беше еден од најзабележителните на теренот.

Како не можеше кога даде гол да добие асистенција и на крајот да промаши пенал.

Стрелци за Фенербахче беа Един Џеко во 11. на асистенција на Душан Тадиќ, па српскиот ас во 63. од пенал…

и Себастијан Шимански во 90+6. минута.

Претходно, во втората минута од судиското надополнување, Тадиќ промаши пенал.

Стрелец на единствениот гол за Бешикташ беше Алекс Окслејд-Чембрлен во 24. минута од пенал.

На табелата во турската Суперлига, Фенербахче и Галатасарај го делат првото место со по 40 бодови, а далеку зад себе, со по 26, се Кајзери и Бешикташ, како и остатокот од натпреварувањето.