Дива мечка синоќа била забележана на паркинг простор во Ростуше, што предизвикало вознемиреност кај локалните жители.
Според сведоштва на очевидци, животното се движело во близина на паркирани возила, по што неколку кучиња почнале да лаат и да ја бркаат. Под нивен притисок, мечката се повлекла од местото.
Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.
Од Националниот парк Маврово апелираат граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат движење во природа во доцните вечерни часови, особено во области каде што е можно присуство на диви животни.